Децата и родителите хоспитализирани на хемато-онколошкото одделение негативни на Ковид-19

Од:

По најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека се прават тестирање на коронавирусот на сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото одделение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира дека овие рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба се завршени и резултатите на децата и родителите се негативни на Ковид-19.

Превентивно, најавуваат од Универзитетска Клиника за детски болести, ќе се направат и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите од истите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски