Дебрчани в недела организираат голем протест против регионална депонија во селото Годивје

Од:

Жителите на селата од општина Дебрца за недела, 22 април, најавија голем еколошки собир и протест во знак на противење на плановите за изградба на регионална депонија на територијата на општината кај селото Годивје.

Според најавите на координативното тело што го организира протестот, предвидено е учесниците на собирот да го блокираат сообраќајот на магистралниот пат Охрид- Кичево кај селото Ботун, во времетраења од два часа, од пладне до 14 часот.

Советот на општина Дебрца претходно со акламација ја отфрли одлуката за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југозападниот плански регион од страна на Владата на Република Македонија.

Од Советот се огласија дека се решени да истраат до крај во намерата Дебрца да остане еколошки чиста и заштитена средина.

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески изјави дека целосно ќе ја почитува волјата на граѓаните кои на референдум се изјаснија против изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје.

Ногачески го повика ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање да отвори нова дебата и расправа по ова прашање, со вклученост на сите засегнати страни, како и стручната јавност, екологистите, еколошките здруженија и граѓаните.

За потребите за одлагање и третман на цврстиот отпад на општините од Југозападниот плански регион беше изработена студија финансирана од ЕУ, во која беа посочени четири локации за тоа каде би било најдобро да се гради регионалниот центар за третирање на отпадот, со забелешка дека како најдобро решение би бил атарот на селото Годивје.

Екологистите и стручната јавност речиси едногласни во ставовите дека би било погрешно депонија да се гради на локација што е еколошки апсолутно незагадена, а уште повеќе на локалитет што спаѓа во сливното подрачје на Охридското Езеро. Жителите на Годивје категорично се противат на депонија во нивното село, независно убедувањата од надлежните дека се работи за модерна фабрика за преработка на отпад што би носела и економски бенифит за селото односно општината.

Годивјанци се убедени дека сето тоа е празно ветување, односно оти само на хартија им се најавуваат и ветуваат современи капацитети за преработка на отпад, само за да се изнуди согласност, а потоа на тоа место да никне уште една дива депонија.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски