Дебрани сакале побрзо да возат вон населено место, санкционирани 13 возачи

Од:

На подрачјето општините Дебар и Центар Жуапа, кои се под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи, спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата во надвор од населено место.

Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид, возачите од ова подрачје сакале да возат побрзо од дозволеното вон населено место.

– Вчера и денеска на подрачјето на ОВР-Дебар извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници регистрираа и санкционираа 13 возачи на моторни возила кои, вон населено место управувале со поголема брзина од дозволената. Исто така, полициските службеници во Дебар санкционираа едно лице, поради бесправно управување на моторно возило, рече Димоски.

Тој упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата.

Би можело да ве интересира

Дозволено е 80, а тој возеше со 190 километри на час – уапсен е тетовец

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот