Дебрани и понатаму најпримерни во почитувањето на забраната за движење

Од:

Дебрани и понатаму се најпримерни во однос на почитувањето на одлуката за забрана за движење на подрачјето на Секторот за внатрешни работи од Охрид, кој опфаќа четири одделенија за внатрешни работи, Охрид, Кичево, Струга и Дебар.

Полициската статистика потврдува дека и во последното деноноќие на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои ги покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар, нема регистрирани непочитувања на мерките за ограничено движење.

-Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Одделенито за внатрешни работи од Дебар не е регистрин прекршок за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19. Во, исто време, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Инаку, што се однесува до епидемиолошката состојба во ова подрачје таа е стабилна. Официјалните податоци потврдуваат дека во Дебар, кој беше прво жариште на 29-ти нема новозаразени. Вкупната бројка останува 51 од нив две лица од Центар Жупа.Од нив 47 се излекувани додека четворица починаа.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска