А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дебранец заработи кривична пријава поради непочитување полициски час

by А1он26/05/2020 - 14:44298
Share0

Одделението за внатрешни работи од Дебар до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.К.(20) од Дебар осомничен за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Следете a1on на Instagram Instagram

– При извршена контрола на 11-ти овој месец во 22:40 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата „Џавит Уштеленца“ во Дебар, кој немал дозвола издадена од надлежен орган за движење за време на полициски час. Пријавениот е приведен поради непочитување на одлуката за забрана на движење на населението, додава Димоски.

Тој посочи дека во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, на подрачјето на ОВР Дебар не се регистрирани непочитувања на истите.

Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Следете a1on на Youtube YouTube

Инаку, во Дебар, кој беше првото жариште на Ковид-19 во државава 41 ден по ред, не се регистрирани новозаразени лица. Бројот останува 51 (две лица од Центар Жупа), од нив излекувани 47, а починати се четворица. Во двете општини нема лица ниту во изолација, ниту во самоизолација.

policiski cas

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Горан Наумовски11/06/2025 - 07:29

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Горан Наумовски23/02/2023 - 12:40

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска13/07/2021 - 09:49

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска01/07/2021 - 11:32

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска22/06/2021 - 12:25

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска22/06/2021 - 10:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео