Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

Од:

Работник денеска претпладне го загуби животот во Дебар, откако падна од станбена зграда во изградба, каде што извршуваше работни задачи. Од здобиените тешки повреди тој почина на пат кон болница.

Како што информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, околу 11:35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар доби пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата почина К.С.(40) од Дебар.

– Денеска околу 11:35 часот во Одделението за внатрешни работи, од Итна медицинска помош е пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал К.С. (40) жител на градот. Според пријавеното, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улица „Братство единство“ во Дебар, каде што работел, и на пат кон болницата починал – изјави Димоски.

На местото на настанот излегоа јавен обвинител и трудов инспектор, а увид изврши екипа од ОВР Дебар.

Според информации од жители на Дебар, станува збор за нивен сограѓанин кој работеше на поставување врати и прозорци на објектот.

Би можело да ве интересира

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Експлозија во зграда во Берлин: Повеќе од 45 лица повредени, а населението се евакуира

(ВИДЕО) Мадрид: Се урна зграда, 10 повредени, четворица се исчезнати

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта