Дебранец од САД донираше возило за собирање смет во градот

Од:

Комуналното претпријатие од Дебар во иднина сметот ќе го собираат со специјално возило, донација на нивниот сограѓанин Латиф Цами, кој подолг период живее во САД.

– Станува збор за донација која за градот беше повеќе од потребна. Тоа е возило кое го нема ни едно комунално претпријатие во Македонија. Моментно располагаме со три трактори и две помали стари возила со кои со многу потешкотии дневно подигаме од 26 до 30 кубни метри смет, изјави за МИА, Мазлум Леши, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Со ова возило кое треба да пристигне набрзо, посочува тој, ќе го решиме еден од најгорливите проблеми. Апелира граѓаните да бидат посовесни и да не создаваат диви депонии, туку сметот да го фрлаат во поставените контејнери низ градот или поголем отпад во градската депонија.

– Кога станува збор за депонијата,за нејзино регулирање потребен ни е булдожер. Се надеваме дека и овој проблем ќе го надминеме, со разбирање и подршка од нашинците кои живеат и работат во странство а кои не ретко донираат средства за нивниот град, нагласува Леши.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар