(ВИДЕО) Дебатата за државниот испит преместена во МОН, голем број студенти се упатуваат натаму

Од:

Откако стдентите се организираа и непоканети да учествуваат во јавната расправа за државниот испит во високото образование, дебатата е преместена од Педагошкиот факултет каде што беше најавено – во Министерството за образование и наука.

-Студентскиот пленум не беше воопшто известен за дебатата што треба да се одржи, повикани беа само парламентот на УКИМ, а Студентскиот пленум воопшто не доби никаква информација, се’ додека не беше објавено пред 12 часа. Кога беше објавено, се собравме овде пред Педагошкиот факултет, група од Студентскиот пленум и ни кажаа дека тајно, дебатата е преместена во Министерството, каде што не знаевме дека ќе се одржи. Ќе се преместиме таму да видиме дали ќе не’ примат, бидејќи најавено е дека дебатата е јавна, вели Андреј Богатиновски од Студентскиот пленум.

Кога студентите видоа дека власта не сака тие да учествуваат, во оваа дебата, пешки се упатија кон Министерството за образование.

Инаку, според Студентскиот пленум, тие не не биле исконтактирани да присуствуваат и покрај својот легитимитет кој го добија на студентскиот марш и бројните изјави на министерот во кои тој вели дека се чека само конкретен предлог закон за да се дискутира со студентите.

ФОТО: МОФ
ФОТО: МОФ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар