Дебата за унапредување на процесот на децентрализација

Од:

Конференција посветена на улогата на месните и урбаните заедници во процесот на децентрализација во Македонија ќе се одржи денеска во Скопје во рамките на проектот „Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници“.

Целта на проектот е унапредување на процесот на децентрализација со вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници, како и зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници во Македонија и зајакнување на нивното влијание со вклучување на граѓаните во сите процеси на планирање во локалните самоуправи.

Во рамки на проектот беа формирани 16 здруженија на граѓани на ниво на месните самоуправи во Македонија кои потоа се вмрежија во Сојузи на здруженија на ниво на плански региони, за на крајот да се формира и Национална мрежа за одржлив развој на заедниците која ќе биде промовирана на овој настан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Децентрализацијата ќе им овозможи на општините да бидат функционални и финансиски стабилни

Наум Локоски

Шилегов: Децентрализацијата мора да продолжи и покрај проблемите

Наум Локоски

Дебата за Програмата за одржлив локален развој и децентрализација

Ана Ололовска