Фондацијата Отворено општество – Македонија и Македонскиот центар за европско образование организираат дебата насловена: „Вин-вин политика“ која ќе се одржи на 19 септември 2013 година (четврток) во хотелот Холидеј ин во Скопје со почеток во 9:30 часот.
Непосреден повод за оваа дебата е неодамнешното објавување на Осумнаесеттиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ насловен „Вин-вин политика“ во кој се предлагаат конкретни мерки за подобрување на искористеноста на потенцијалните фондови кои ќе бидат достапни преку ИПА 2. Анализата покажува дека со поголема ангажираност на Владата може да се вработат 7.700 лица на полно работно време на годишна основа.
Дополнителна вредност на дебатата ќе биде придонесот на г-н Никола Бертолини од ГД за хоризонтални програми на Европската комисија кој е задолжен да изготви стратегија за соработка на Европската комисија со граѓанското општество во следната финансиска рамка 2014-2020.