Дебата на кандидатите за градоначалници на Куманово, Димитриевски, Османи и Мемети

Од:

Кандидатите за градоначалници, Максим Димитриевски од СДСМ, Башким Османи од Алијанса на Албанците и Бесник Мемети од ДПА, тројца од вкупно петмината кандидати за градоначалници, учествуваа на вечерашната дебатата во салата за состаноци на општина Куманово, организирана од здружението Млади европски федарилисти (Џеф) Македонија.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски и Дритон Сулејмани од Беса не учествуваа на дебатата.

Кандидатите за градоначалници одговараа на повеќе прашања меѓу кои за инфраструктура во градот, заштита на животната средина, инвестиции во образованието, градење на мултиетничко општество.

Кандидатот за градоначалник Бесник Мемети од ДПА, одговарајќи на прашање за решавање на сообраќајниот метеж на градот, потенцира дека во платформата на партијата е предвидено формирање на превозно претпријатие, кое по пониски цени би ги превезувало патниците во градот, но и кон руралните средини.

– Добар дел од населението, поради економската состојба би ги користело, а со тоа ќе се намали употребата на автомобилите, што се влијае во намалувањето на загадувањето, рече Мемети.

Кандидатот од Алијанса на Албанците, Башким Османи посочи дека во програмата се предвидени краткорочни и дологорочни мерки за заштита на животната средина.

– Би се интервенирало на градскиот плоштад, а главно би се донел нов Генерален урбанистички план, во кој ќе се предиви како треба да изгледа еден модерен и развиен град, рече Османи. Тој потенцираше дека мора да се изгради и регионална депонија и фабрика за рециклирање на отпадот, а вети и инвестиции во нова механизација на ЈП „Чистота и Зеленило“.

Кандидатот за градоначачник од СДСМ, Максим Димитриевски, рече дека за долгорочно решавање на проблемот со водоснабдуавњето, во програмата со која настапува на изборите предвидена е изградба на цевковод до Глажња, во должина од 18,5 километри, со кој ќе се обезбедат 500 литри вода во секунда, по што, водата ќе се дисперзира низ системот до најодалечените места во општината, меѓу нив селата Пчиња, Табановце, Романовце. Нагласи дека овој проект чини многу и за негова реализација ќе бара поддршка од Владата.

– До крајот од годинава планирам поставување на дигитални водомери во секое домаќинство, со кое ќе се види целокупната потрошувачка и загуба на вода поради дефекти, истакна Димитриевски и додаде дека за овој проект ќе се обезбедат средства од меѓународни организации.

Тројцата кандидати за градоначалници посочија дека факт е оти од Куманово, последниве години постојано се иселуваат младите.

Башким Османи од Алијанса на Албанците, рече дека е потребно да се променат условите во општината за да може да инвестираат иселениците и сите заинтересирани за да се отворат нови работни места, првенство наменети за младите.

– Веќе има одредени зони, со вложувања и промени ќе можат да инвестираат иселениците и сите заинтересирани, рече Османи.

Мемети од ДПА вели дека општината мора вистински да согледа во кои училишта треба да се инвестира, како пример го посочи училиштето во поранешната зграда во ЗИК, каде околу 2.000 ученици од две средни училишта учат во несоодветни услови. Додаде дека за зближување на младите ќе се продолжи во воннаставна соработка и активности помеѓу различните училишта во градот, со цел меѓуетничко зближување на младите. Рече дека ќе се заложи за дисперзија на средните училишта во руралните средини.

Димитриевски наведе дека младите можат да ги искористат владините мерки за да најдат вработување, а општината да го искористи тој вакум простор од училиште до пазар на труд со активирање на младите.

Османи вели дека ќе се изградат сали во постоечки објекти кои ќе бидат наменети за кино и дека ќе се заложат младите кои се креативни без надоместок да користат простор во постоечкиот Центар за култура.

Димитриевски вели дека соработката со граѓанските организации може да се подобри и вети изградба на „Куќа за млади“ за две години од мандатот. Просторот се наоѓа на „Нагорички сокак“ и делумно е извршена експропријација. – Ќе се додели на невладините организации, ќе има неколку простории, но битно е и организациите да работат за интерес на градот, рече Димитриевски. Тој вети и изградба на мутлиетничка градинка во која деца од најрана возраст ќе учат и играат заедно за суштинско градење на соживотот.

Бесник Мемети од ДПА пред присутните вети дека ќе се заложи за добра инфраструктура, зачувување на животната средина, подобрување на условите во училиштата.

Башким Османи од Алијанса на Албанците, пак најави отворање детски градинки, нов ГУП, зеленило, услови за зачувување на животната средина.

Максим Димитриевски од СДСМ, рече дека има план за живот во Куманово со бројни проекти за градот, меѓу нив и нов сообраќаен план, со кој предност ќе им се даде на пешаците и велосипедистите.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони