„Како до поттикнување на непосредно учество на граѓаните за прашања од локален интерес?“ е темата на тркалезната маса, што ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Тркалезната маса е во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ.
На настанот ќе биде промовирана и студијата „Референдум на локално ниво: реалност или фикција?“.
Проектот е финансиран од Европската унија.