Дебарските советници добија надоместок за два месеца

Од:

На петнаесетте дебарски општински советници исплатени им се два од седумте заостанати месечни надоместоци.

Освен нивните седум надоместоци, вклучувајќи го и месец април, општината нема исплатено и три месечни надоместоци на членовите на претходниот состав на Советот.

– Советниците од актуелниот состав добија два надоместока, но и понатаму се на ставот да доаѓаат на закажана седница на Советот, а да не ја одржуваат, се додека не им бидат исплатени сите средства. За месец мај не им следува бидејќи немавме закажано седница, изјави за МИА, претседателот на Советот, Башким Машкули.

Според важечката одлука, членовите на Советот на општината добиваат месечен надоместок во износ од 50 отсто од просечната месечна плата, а првиот меѓу нив и доплнителни 30 отсто на тој износ.

Советниците на последната седница одржана на 30 април ја предупредија локалната самоуправа дека доколку до следната седница не се исплатат сите средства на име советнички надоместок, ќе доаѓаат на закажана седница, но нема да ја одржуваат.

– Тие не сакаа да ја одржат и оваа седница, но поради тоа што на седницата имавме некои значајни прашања за нормална работа на локалната власт, а во интерес на граѓаните кои ни ја дале довербата, по консултациите на координаторите на советничките групи, седницата беше одржана, потсетува Машкули.

Од локалната самоуправа велат дека советниците ќе ги добијат средствата што им следуваат, но не посочија кога. Седница во мај не била закажана затоа што немало некои позначајни прашања за разгледување.

Би можело да ве интересира

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници