Дебарските пожарникари со помалку работа од лани

Од:

Дебарската територијална противпожарна единица, која интервенира во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше, односно подрачјето на Река, во изминатиот период имала помалку работа во споредба со истиот период лани.

Ова го потврдува командирот на единицата Џетан Мифтароски, според кого евидентирани се 40 интервенции помалку во однос на истиот период минатата година. Притоа, е причинета мала материјална штета.

– Во изминатиот период од годинава сме имале 50 интервенции. Од нив 40 се пожари, речиси половина на отворен простор главно стрништа. Десет се технички интервенции. Кога станува збор за пожарите во објекти, тие претежно се во грејната сезона, а причина се неисчистените оџаци, изјави Мифтароски.

Посочува дека причинетата материјална штета е многу мала благодарение на брзата интервенција што пак е резултат на добрата опременост, кадровската екипираност и обученост на единицата.

Мифтароски вели дека во следниот период можна е појава на пожари поради високите температури и почестото излегување на отворен простор поради што упати апел до граѓаните да бидат повнимателни.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар