Дебарските Лазарки ја продолжија традицијата

Од:

По повод денешниот ден, Лазарова сабота, дебарските девојчиња ја продолжија традицијата на Лазарки, наследена од нивните мајки, баби и прабаби.

Група девојчиња, од нив едно невеста ги посетуваат православните домови пеејќи песна, со која посакуваат свадби и благосостојба во семејствата.

Лазорките, како што по дебераски ги нарекуваат, текстот го прилагодуваат во зависност дали во семјство има мома или момче за мажење, односно женење.

За разлка од порано, кога имало повеќе од десеттина Лазарки, кои броеле по пет-шет и повеќе девојчиња, денеска беше само една група со четири девојња. Михаела Јосифовска, невестата, Ангела Јаковлевска, Марија Силјановска и Сара Љубновска, придржнички.

Лазарки одат само девојиња до петнаесет годни. Откако ќе ја испеат песната домаќинката ги дарува со свежи (неварени) јајца, благо и пари.

Лазарките заедно со Суројчарите (по повод Стара Нова година-Василица) се две најубави традиции по кои е препознатлив Дебар.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство