Дебар повторно е без активни случаи, во земјава има нешто над 5.500 заболени

Од:

Во претходното деноноќие беа регистрирани 82 случаи од направени 1.211 тестирања или 6,7 отсто, што е значителен пад на новозаразени од Ковид-19 во однос на претходните денови. Според податоците на Институтот за јавно здравје за период од 29 ноември до 5 декември, процентот на позитивност се движел од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто. Регистрирани беа осум починати и 265 оздравени пациенти.

Од новозаразените, најмногу се од Скопје – 61, следи Кавадарци – 9, па Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 2714, следи Битола со 457, Прилеп – 336, Кавадарци – 251, Охрид – 222. Во другите градови тој број е под 200, а во Дебар во моментов нема ниту еден активен случај.

Во Дебар расте интересот, пред сè кај повозрасната популација, за имунизација со трета доза вакцина против Ковид-19.

– Во вакциналниот пункт, кој функционира во модуларната болница, дневно трета доза се аплицира во просек кај 50 лица од двете општини, пред сè повозрасни и хронично болни. До сега со трета доза опфатени се над 600 граѓани, кои примаат вакцина на „Фајзер“, вели , Баки Алили, директорот на дебарската општа болница со проширена дејност.

Што се однесува до епидемиолошката состојба со коронавирусот, тој вели дека моментно нема активни на болеста.

– Овој месец немаме нови случаи на заразени, а двата случаи кои беа регистрирани минатиот месец се веќе закрепнати. Последниот во списокот на оздравени е внесен на деветти месецов. Од почетокот на пандемијата на подрачјето на двете општини опасниот вирус беше дијагностициран кај 1.456 лица, од нив за жал починаа над 80, додава Алили.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски