Дебар: Две и пол годишно дете загина од удар од паркиран автомобил кој сам се придвижил

Од:

Две и пол годишно дете го загуби животот денеска во несреќен случај во Дебар.

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, немилиот настан се случил на улица „Едвард Кардељ“ во близина на поранешната фабрика „Депласт“, каде бил паркиран автомобил марка „Опел“.

– Од се уште непознати причини возилото во кое немало возач ниту некое друго лице, се откочило и удрило во детето, кое најверојатно во тој миг минувало или си играло во близина на возилото, изјави Димоски, додавајќи дека настанот се случил околу 13 часот.

Според него, увидот во кој се вклучени истражен судија, обвинител и екипа на дебарската полиција се уште е во тек.

Директорот на Општата болница во Дебар, Бали Халили изјави дека телото на детето во таа здравствена установа било донесено во 13 часот, но без витални знаци.

– Околу четириесет минути се обидувавме да го спасиме, но за жал безуспешно, истакна Халили.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ