Дебар бара пункт за тестирање и медицински апарати, тестирани нови 20 лица од кризните подрачја

Од:

Се чекаат резултати од нови 20 тестови за коронавирус направени во Дебар и Центар Жупа, во текот на вчерашниот ден. За ова информираше градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука, според кого, бројката на инфицирани од коронавирус е непроменета. Тој посочи дека ќе бара пункт за тестирање од коронавирус во Дебар, откако министерот Венко Филипче, соопшти дека пунктови ќе бидат поставени низ повеќе градови.

„Имаме 43 инфицирани, починаа 2 лица, 13 се на лекување на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а 28 се на домашно лекување. Вчера се земени уште 20 брисеви во Центар Жупа и Дебар. Во домашната изолација е 210 лица, кои се редовно се контролираат од МВР, за да нема движење по улиците, а ги посетуваат и медицинските екипи“, посочи Дука.

Тој појасни дека Дебар ќе бара пункт за тестирање на граѓани за коронавирус, бидејќи Дебар е главно жариште.

„Денеска ќе пратиме барање за пункт за тестирање на коронавирус. Најавено е отворање на пунктови низ цела Македонија, а во Дебар, каде е главно жариште, нема. Ќе бараме и медицински апарати кои се важни за следење на епидемијата и третирање на болните во нашиот град“, додаде Дука.

Според него, во тек е реализација на барањето за гинеколог и анестезиолог, како и медицински техничари кои треба да работат во Дебар. Во однос на препораките од Влада, Дука вели дека тие во главно се почитуваат.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски