Давидовиќ: Патриотските здруженија биле искористени како заморчиња од УБК

Од:

Управата за безбедност и контраразузнавање ги регрутирале и ги искористиле како заморчиња патриотските здруженија да влезат во Собранието. Нинџа имал задача да известува за случувањата во Собранието, но не знаел што ќе се случува таму и што било испланирано во кујаната на УБК. Вината барајте ја кај тогашниот директор, Владимир Атанасовски и началниците Горан Грујовски и Никола Бошковски, изјави адвокатот, Звонко Давидовиќ бранител на Александар Василевски-Нинџа, на завршните зборови за „крвавиот четврток“.

„Почитуван суде, немојте да дозволите за постапките на други луѓе кои го осмислиле сценариото, а за кои Обвинителството немаше храборст, волја и желба да ги разоткрие, да одговараат луѓето кои сега се во судницата“, рече Давидовиќ.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година првично беа обвинети 33 лица, но по Законот за амнестија на обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Виктор Јованов 

Би можело да ве интересира

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Сандра Бошковска

Обвинетиот Трајковски за 27 април: Барам да ми судите за тоа што сум го сторил, но не за тероризам

Завршни зборови за 27 април

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Сандра Бошковска

Дурловски: Доколку сум знаел за вакво сценарио за 27 април, осудете ме

Сандра Бошковска

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Сандра Бошковска