Датумот на раѓање на учениците да не се објавува на распоредот за екстерно тестирање

Од:

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) денеска соопшти дека треба се да запре со објавување на датумот на раѓање за учениците од училиштата при објавување на распоредот за екстерното тестирање.

До Дирекцијата деновиве се доставени повеќе претставки за добивање на информација во однос на објавување на распоредот на тестирање, а во кој може слободно да се видат имињата на сите ученици како и нивниот датум на раѓање.

– Неопходно ќе биде да се изврши соодветно прилагодување на апликативниот софтвер од интегрираниот информатички систем за електронско тестирање и примена на технички и организациски мерки при обработка на личните податоци на учениците на начин кој ќе обезбеди автоматската обработка на личните податоци на учениците да се врши во согласност со прописите и начелата за заштита на личните податоци. Во тој контекст треба да се регулира пристапот до податоците содржани во базата и нивната видливост и достапност на начин кој нема да ја нарушува приватноста на субјектите на лични податоци, во овој случај учениците, се наведува во информацијата од ДЗЛП.

Дирекцијата ќе упати Укажување до Министерството за образование и наука, односно до Државниот испитен центар со кое ќе даде конкретни насоки за регулирање на обработката на личните податоци на учениците објавени на неведената интернет страница.

Откако до Дирекцијата се доставени повеќе претставки за добивање на информација во однос на објавување на распоредот на тестирање, а во кој може слободно да се видат имињата на сите ученици како и нивниот датум на раѓање, извршен е увид во доставениот линк. При тоа, како што се наведува во соопштението, се утврдило дека во интегрираниот информатички систем за електронско тестирање се врши автоматската обработка на податоци за учениците и тоа: презиме, име, татково име, датум на раѓање, паралелка, година/одделение, наставен план и датум на тестирање. При тоа, податоците се јавно достапни за секого, односно може слободно да се видат податоците за секој ученик.

-Согласно одредбите на член 5 став 1 од Законот за заштита на личните податоци, личните податоци можат да се обработуваат правично и во согласност со закон, да се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели, да се соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои што се собираат и обработуваат, да се точни, целосни и каде што е потребно ажурирани при што ќе се преземат сите соодветни мерки за бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои се собрани или обработени, и чувани во форма што обезбедува идентификација на субјектот на лични податоци, не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои се собрани за натамошна обработка, се посочува во соопштението.

Согласно тоа, Дирекцијата за заштита на личните податоци е на став дека треба се да запре со објавување на датумот на раѓање за учениците од училиштата и ќе испрати укажување до МОН.

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари