Дарував плазма затоа што таа носи надеж за секој што се бори со Ковид-19, вели 43-годишната Билјана, која ја победи болеста

Од:

„Дарував крвна плазма затоа што сметам дека ја зголемуваме шансата и надежта да помогнеме на секој оној којшто се бори против Ковид-19,“ вели 43-годишната Билјана Чочовска, на која на 22 јуни ѝ бил дијагностицирана болеста што ја прележала без посериозни симптоми, во период од две недели.

„Среќна сум бидејќи имав лесни симптоми. Со дарувањето на конвалесцентна плазма сакам да помогнам на тие кои во овој момент се борат со вирусот, а нивните симптоми се значително посилни. Ги охрабрувам сите кои се мислат дали да даруваат крвна плазма и воедно ги исполнуваат условите за тоа, да го сторат истото без двоумење. Постапката за проверка на присуство на антитела е брза, лесна, ефикасна и организирана, а чувството е прекрасно кога знаете дека можеби ќе помогнете некому во борбата против коронавирусот.“ – вели Чочовска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски