А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Анита Петровска Рајковиќ
Македонија

Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд

by Анита Петровска Рајковиќ04/06/2024 - 13:4904/06/2024 - 14:333329
Share0

По завршувањето на мандатот на Кацарска, Уставен суд остана без претседател. Пропаднаа дури осум обиди и гласања да се избере претседател, сепак судиите по координација утрово одлучиле сепак да одржат седница на која конечно е избран новиот претседател.

Добивај вести на вибер

Како што дознаваме за нов претседател е избран Дарко Костадиновски, кој ги добил потребните 6 гласа.

Претходно се гласало и за Осман Кадриу за кого и вчера се гласаше, но не доби доволен број гласови. Но повторно Кадриу не бил избран, односно добил 5 гласа „за“, 1 неважечко ливче и три гласа против. Потоа се гласало за Костадиновски за кого гласале 6 судии, што е доволен број да биде избран.

Спогласно правилата, секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Во четвртокот и петокот, пропаднаа шестте обиди да изберат нов претседател на Судот. Вчера судијката Ана Павловска Данева ја повлече својата кандидатура, но нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева повторно не го доби потребното мнозинство.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

darko kostadinovskiustaven sud

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 13:3906/05/2026 - 13:40

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Горан Наумовски29/04/2026 - 09:55

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски28/04/2026 - 10:5128/04/2026 - 10:56

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 10:2009/04/2026 - 12:15

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

Горан Наумовски25/03/2026 - 15:37

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

Горан Наумовски12/03/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто