Дарко Каевски е нов портпарол на СДСМ

Од:

Извршниот одбор на вчерашната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица.

Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.

Тој е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018 – 2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата