Дарко Грујоски – кандидат за градоначалник на Гостивар од Левица: Време е за промена

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од Левица, Дарко Грујоски, и носителот на листата за советници од оваа партија, Никола Исакоски, на прес-конференција ги претставија изборните програми.

Грујоски кажа дека програмата која ја нуди е вистинската алтернатива за Гостивар, одговара на реалните потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.

-Нашиот фокус е на луѓето – на најмалите, на младите, на семејствата и на постарите лица. Предвидуваме изградба на нови детски градинки, изградба на старечки дом во кој постарите сограѓани да добијат соодветна и човечка грижа и системско решение за бездомните кучиња, преку прифатилишта и хумано згрижување. Ова не се празни ветувања. Ова е јасен план, со конкретни решенија и приоритети кои произлегуваат директно од потребите на граѓаните. Време е Гостивар да добие локална власт што навистина работи за луѓето – чесно, транспарентно и со визија. Време е за промена. Време е за Гостивар каков што заслужуваме, рече кандидатот за градоначалник Дарко Грујоски.

Освен грижа за спорот со реновирање на спортските сали, тој најави и решавање на недостигот од канализација во населба Млаки и во Бањешница.

Носителот на листата за советници од партијата Левица, Никола Исакоски, се осврна на програмата за работа во општинскиот совет и залагање за подобрување во сферите на урбанизмот, економскиот развој, транспарентноста во трошењето на буџетски пари, воведување на ред во локалната самоуправа.

– Со нашето влегување во советот ќе се залагаме за поддршка на мали занаетчии и семејни бизниси. Во сферата на урбанизмот, ревизија на сите ДУП-ови. Освен средување на сообраќајниот хаос, ќе се залагаме и за нови зелени зони, патеки за велосипедисти и пешаци, рече Исакоски.

Тој се осврна и на воведување на комуналниот ред во општината и најави зачестено одржување и чистење на јавните површини, селекција на отпад и видеонадзор на местата каде што се создаваат диви депонии.

На прес-конференцијата присуствуваше и лидерот на партијата, Димитар Апасиев, кој потоа оствари повеќе средби со сопартијците и граѓани од Гостивар.

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?