Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“

Од:

Директорот на Државниот студентски центар „Скопје“ – Скопје Крешимир Павиќ поднесе оставка на функцијата што ја извршуваше од февруари 2007 година. На негово место е именуван нов в.д. директор Даниела Темелкова.

Како што соопшти денеска Министерството за образование и наука, Даниела Темелкова е дипломиран педагог на Филозовскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментов на овој факултет Темелкова го изработува магистерскиот труд во областа на „Менаџирање во образованието“.

Професионалното искуство Темелкова го стекнува преку работата како педагог во основно училиште и воспитувач во детската градинка „Буба Мара“, општина Аеродром, каде од август 2010 година ја врши функцијата директор.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот