Данева: Остануваме доследни на својата примарна цел – враќање на демократијата

Од:

Опозицијата и денеска на половина час ги блокираше трите раскрсници во Скопје, кај Тутунскиот комбинат, меѓу мостот Гоце Делчев и Владата и раскрсницата кај „Симпо“.

„Врне дожд, а тоа според нашиот народ значи бериќет. По се што преживеа народот од 24-ти декември, ова е добар знак. Наша примарна цел како пратеници, впрочем, за тоа го имаме добиено и мандатот, е да ги браниме Уставот и Законите и да ги застапуваме интересите на граѓаните во парламентот.

– Ние му останавме верни на народот и продолживме да ја браниме волјата на гласачите, но надвор од институциите, се додека нивниот глас не се поврати преку фер и слободни избори“, изјави Ана Павловска – Данева.

„Сега сме на оваа раскрсница во Скопје и ќе бидеме секаде каде ќе биде манифестиран отпор. Остануваме доследни на својата примарна цел, а таа е да се врати демократијата во Македонија и од тоа нема отстапување“, додаде Павловска – Данева.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана