Данев: Владината коалиција не смее да си поигрува со европската иднина на државата и треба да ги поддржи предлог измените на законот од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Владината коалиција не смее да си поигрува со европската иднина на државата и треба да ги поддржи предлог измените на законот од ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе значат усогласување на Законот за употреба на јазиците со препораките на Венецијанската комисија.

Венецијанската комисија во своите препораки е децидна дека законските решенија ја надминуваат Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Тоа што е опфатено со законот не е европска пракса!“, рече Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

„Решенијата во Законот за јазици се неприменливи и го нарушуваат основното право на правично судење во разумен рок. Венецијанската комисија утврдува и дека треба да се ревидира членот 3 кој ја регулира интерната и институционалната комуникација или истиот да се одложи.

Венецијанската комисија препорачува и ревизија на законот секое лице, вклучувајќи ги и оние кои не живеат во локалната заедница да користат друг официјален јазик.

На крај Венецијанската комисија смета дека треба да се сменат или одложат одредбите кои предвидуваат санкции. Од тие причини ние ќе предложиме суштински измени на законот кои ќе го доведат истиот во склад со европската практика.

Дополнително ја повикуваме власта да се води по Параграф 103 и да не ја користи скратената постапка за измени и дополнување на законот, туку расправата во однос на истиот да се одвива во редовна постапка, како ќе може да се исцрпат сите аргументи.

Обврска на власта е да ги прифати предложените измени од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во нив ќе биде преточена европската пракса и препораките на Венецијанската комисија.

Власта треба да ги прифати предлог измените од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е услов согласно францускиот нон пејпер за добивање датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

Власта да не си поигрува со европската иднина на Македонија и да се издигне над коалициските интереси“, изјави Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски