(ВИДЕО) Данев: Владата на СДСМ и ДУИ е најкриминална и најнеспособна од сите досега

Од:

Оваа Влада покажа дека нема капацитет за водење на институции и наместо да ги решава проблемите на граѓаните, работи исклучиво за своите партиски и лични интереси, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој образложи зошто опозицијата поднела барање за гласање на доверба на Владата.

„За задржување на климавата коалиција со ДУИ, за да останете на власт, ги подривте националните и државните интереси. Повеќе нема демократија во РМ, премиерот и министрите во исто време се политичари, судии, обвинители и бизнисмени. Ги партизирате сите институтции, се бркаат од работа и се деградираат професионалнци. Судството е заробено, се кршат Уставот и законите, што се покажа со носењето на Законот за јазици. Дојде живот само за владините и партиските функционери на СДСМ“, рече Данев.

Опозицијата денеска се врати во собранието по 4 месеци пауза. Барањето за гласање е поднесено од 42 пратеници, но ВМРО-ДПМНЕ очекуваат вечерва пред полноќ да биде изгласана недоверба иако се потребни 61 глас.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати