Данев: Учениците втор месец немаат учебници, а наставниците во основното образование се изневерени

Од:

На денешната прес конференција, Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ изрази низа на забелешки на односот и последиците од владеењето на Владата предводена од СДСМ кон образованието.

„Учениците втор месец немаат учебници. Квалитетот на наставата е толку низок што за 18 години од денес во Македонија ќе имаме најслаб човечки потенцијал. Ваквото тврдење е според истражување на Светска банка.

Наставниците во основното образование се изневерени. Минималната плата достигнува 21.311 денари, а согласно колективниот договор за основно образование и најавеното покачување на минималната плата од 14.500 денари, таа треба да биде 33.234 денари, за наставник приправник, односно 36.293 денари за наставник. Во делот на платите, СДСМ вети дека во првите две години наставниците ќе имаат минимална плата еднаква на просечната плата во државата односно 25.127 денари“, рече Драган Данев, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај финансискиот дел, Владата предводена од СДСМ не обезбедува професионално усовршување и развој на наставниците, ниту пак се осовременуваат наставните програми.

Во делот на инфраструктурните предуслови треба да се напомене дека со секој Ребаланс на буџетот се кратат огромни средства од делот на изградба на нови и реконструкција на основни училишта и спортски сали.

Новиот закон за основно образование сеуште не е имплементиран.

Во средното образование имаме слична состојба, па така, учениците втор месец немаат учебници. Се соочуваме со недоволно развиен систем на професионална ориентација на учениците. Дополнителен проблем за учениците во средното образование е што учат по неусогласена програма со таа од основно образование, односно Кембриџ програмата за предметите по математика, физика и хемија.

Наставниците како и во основното образование и во средното образование немаат усогласени плати согласно потпишаниот колективен договор. Наставниците воопшто не се усовршуваат, а наставните програми не се менуваат. Како и кај основното образование и средното образование е „жртва“ при секој Ребаланс на буџетот и од ставките за нови и реконструкција на средни училишта и спортски сали се кратат средства.

За потсетување Владата предводена од СДСМ вети дека ќе го имплементира проектот кој го започна ВМРО – ДПМНЕ за математичка гимназија, а еве уште една учебна година почна без да знаеме до која фаза е стигнат.

СДСМ во предизборниот период најави и надворешна проверка на знаењата на учениците во основно и средно образорание и стимулирање на објективност во оценувањето кое воопшто не е реализирано.

Во делот на високото образование состојбата е алармантна од сите можни аспекти. Студентите заостануваат во знаења и вештини во однос на своите колеги од европските држави, што директно влијае на пронаоѓањето на работни места, но и развој на економијата“, изјави Драган Данев, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски