Данев: Судот подлегна на притисоците

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека судот подлегнал на притисоците.

– Одлуката да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на СЈО е срамна и без никаков издржан правен аргумент. Одлуката е политичка, а не правна. Медиумите под контрола на СДС ја најавија уште пред да биде официјално соопштена. Тоа доволно говори околу начинот на кој што работел судот. Со ваквите одлуки се става крај на правната држава и започнува нарачаниот политички прогон, рече Данев.

Според него, ваквата одлука имала за цел да испрати порака дека „или сите ќе клекнете на колена и нема да се борите за државните и национални интереси или ќе завршите во притвор“, „или ќе учествувате и ќе ги поддржите конструираните и политички монтирани обвиненија на СЈО или ќе завршите во притвор“.

– Одлуките кои денеска ги донесе судот се без преседан. Луѓето на кои денеска им беше одреден притвор изминатиот период ниту се обидоа да бегаат, ниту на некаков начин ја опструираа истрагата. Одлуките кои ги донесе судот се чиста политичка одмазда нарачана од СДС, рече Данев.

Како што кажа тој, судиите кои одлучувале можеби мислеле дека Заев во моментов бил семоќен и дека вечно ќе ја имал поддршката да нарачува кој бил следниот што требало да биде на отстрел.

– Сакаме да им порачаме дека ништо не е вечно. ВМРО ДПМНЕ ќе се врати на власт. Незаконското работење и одлучување ќе биде предмет на ревизија. Подолг период предупредувавме и укажувавме дека судот не смее да потклекне на притисоците, да заборави на правните аргументи и да почне да одлучува политички. Дел од судиите го одбраа другиот пат. Оправдување за незаконското постапување нема и нема да има. Секој ќе сноси одговорност за сопствените одлуки, заврши Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев