Данев: Шилегов се богател додека протестираше низ Скопје

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, во партиското седиште оддржа нова прес-конференција на која повторно цел на напад беше пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов и неговиот анкетен лист.

„Еден ден манипулации и глумење жртва на некаков режим за Петре Шилегов значи нови 300 евра на неговата сметка.

Нешто под една месечна просечна плата заработува пратеникот Шилегов дневно во изминативе две години.

Доколку се погледне неговиот анкетен лист, повеќе од очигледно е дека портпаролот на СДСМ, за само две години своето богатство го зголемил за над 200 000 евра.

Додека го бојкотираше Собранието, фрлаше со бои и ја навредуваше полицијата портпаролот на СДСМ инкасирал по 9000 евра месечно.

Во новиот анкетен лист, богаташот Шилегов пријавува три нови стана на име на сопругата. Двата стана од 64 и 72 метри квадратни семејството Шилегови ги купило во 2015 година, кога пратеникот Петре Шилегов го бојкотираше Собранието. Третиот стан од 68 квадрати си го купиле лани додека се бореа против “режимот” и додека платеничката револуција дивееше и уништуваше се низ Скопје.

Пратеничката плата не изнесува месечно 9 000 евра, а сопругата на Шилегов како што знае јавноста беше пријавена на минимална плата, а згора на тоа враќаше кредит во вредност од 160 000 евра.

Се поставува прашањето дали Петре Шилегов го научил занаетот за богатење од Радмила Шекеринска?

Дали Петре Шилегов сам себе си изнајмува станови и наплаќа кирии од неговото адвокатско друштво?

Дали Петре Шилегов си наплаќа консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво, додека ја извршува функцијата пратеник?

200 000 евра приходи за само две години се премногу особено ако се бориш против режим. Граѓаните бараат одговори како пратеникот Шилегов успева да фрла бои по институции, да ја извршува функцијата портпарол и пратеник и годишно да го збогатува банкарското салдо за по 100 000 евра.

На лицемерието, лагите и манипулациите на криминогеното раководство на СДСМ му доаѓа крајот. Политиката која ја води СДСМ е провидна за граѓаните“ рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев