Данев: Шилегов сака да слушаме што зборува, а да не гледаме што прави

Од:

Драган Данев одржа прес конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во која го нападна пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов за лицемерие и кажа дека за две години заработил 200.000 евра.

„Лицемерието, манипулациите и безобразното богатење на функционерите на СДСМ, кулминираат.

Колку е устата поисполнета со навреди и обвинувања против „режимот“, толку повеќе се полнат џебовите со стотици илјади евра.

Борецот против режим, пратеникот Петре Шилегов, за само две години го зголемил своето конто за над 200 000 евра.Тоа се преку 100 000 евра годишно или околу 9 000 евра месечно.

Во новиот анкетен лист, богаташот Шилегов пријавува три нови стана на име на сопругата. Двата стана од 64 и 72 метри квадратни семејството Шилегови си ги купила во 2015 година, кога пратеникот Петре Шилегов го бојкотираше Собранието. Третиот стан од 68 квадрати си го купиле лани додека платеничката револуција дивееше и уништуваше се низ Скопје.

Три стана не се купуваат со пратеничка плата. 9000 евра месечно не се заработуваат со работа во Собранието.

Дали Петре Шилегов е новата Радмила Шекеринска?

Дали Петре Шилегов сам себе си изнајмува станови и наплаќа кирии од неговото адвокатско друштво?

Дали Петре Шилегов си наплаќа консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво, додека ја извршува функцијата пратеник?

200 000 евра приходи за две години се многу. Дури и во случај на режим. Граѓаните треба да знаат како пратеникот Шилегов успева да фрла бои по институции, да ја извршува функцијата и годишно да го збогатува банкарското салдо за по 100 000 евра.

Тоа е Петре Шилегов. Тоа е политиката на СДСМ. Не ме гледај што правам, слушај ме што ти зборувам“ рече Драган Данев на прес конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ