Данев: СДСМ го дерогира и уништува правниот систем во Македонија

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ го гази правниот систем во Македонија и дека на најбрутален начин вршат негово дерогирање и уништување, а во исто време кажуваат лаги за тоа што направиле во сто дена.

– Ослободија познати криминалци на слобода. Во истиот ден кога викаа дека Бајруш Сејдиу не е ослободен, туку пуштен на лекување, тој се сликаше во ресторан поздравувајќи го Зоран Заев. На слобода се најде уште еден осуден криминалец Агим Красниќи. Значи дека во оваа држава имаме подвојување, на поддржувачи на СДС за кој не важат законите, и сите останати. Овие луѓе ќе бидат ставени во погон во пресрет на локалните избори. Второ, владата на СДС најавува закон со кој сака да ги манипулира осудените лица во пресрет на локалните избори. Имаа три месеци да донесат ваков закон и не го ни покренаа прашањето, сега пред изборите најавуваат негово донесување со цел изборна манипулација на оваа категорија граѓани. Ниту закон ќе донесат до изборите, ниту пак им се битни овие граѓани. Единствено што сакаат е да направат уште една изборна манипулација, вели Данев.

Тој додаде и дека Владата врши брутално силување на законите именувајќи несоодветни лица на различни позиции и лица кои не ги исполнуваат основите законски услови. Како што кажа Данев, луѓе без познавање на странски јазик се именуваат за директори, историчари стануваат спортски менаџери, луѓе без искуство раководат со институции.

– Правниот хаос во кој СДС ја втурнува државата ќе има долгосежни последици во иднина. Граѓаните го гледаат хаосот во кој ја втурнува СДС Република Македонија и затоа ќе ги казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври, рече Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ