Данев контра Ременски: Разликите во ставовите не се технички туку суштински

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, враќањето во собраниските клупи го препишува на, како што вели, целокупната катастрофална ситуација во државата, а, пак, оценува дека во Парламентот ситуацијата никогаш не била полоша.

„Се штанцаат закони. Имаше носење закон за 2 минути, а во демократски парламентаризам тоа не е дозволено. Опозицијата чувствуваше одговорност да се подобрат овие работи и затоа влеговме во Собранието“, истакна Данев.

Тој за таканаречените европски закони вели дека има одреден договор, а ВМРО-ДПМНЕ била вклучена само во подобрување на овие закони. Рече дека разликите не се технички, како што тврди пратеничката Ременски, туку се суштински.

„Доколку законите беа изгласани без опозицијата и без нашите амандмани, истите ќе беа катастрофа. Сега се драстично подобрени, но не се идеални и има простор за доработка што ќе се види во наредниот период“, истакна Данев.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ гледа сериозни разидувања на ставовите меѓу неговата партија и СДСМ, веднаш по вчерашното донесување на првите три реформски закони.

„Ако бидат прифатени нашите барања, ќе продолжиме со работа. Ако законите од областа на судството бидат донесени во понеделник или вторник, а барат поддршка од опозицијата, треба да бидат прифатени нашите барања. Не сум сугурен дека преку викендот ќе ги усогласиме ставовите“, вели Драган Данев.

Околу законот за јазици тој тврди дека е донесен за да опстои коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати законски решенија кои не се во интерес на сите граѓани на државата. Решенијата околу функционирањето на ДИК смета дека ќе бидат донесени кон крајот на септември или почетокот на октомври.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ