Данев и Димовски побараа нова пауза и средба со Џафери

Од:

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев побара нова пауза од еден час, по што, собранискиот спикер веднаш го одби со образложение дека веќе имале пауза.

По кратка консултација на собраниската маса, Џафери успеа да се спогоди со Данев, но и Димовски кои побарале средба со него. Тој по гласање за останатите закони, рече дека ќе се сретне за нив.

Изминативе денови, Данев за „Макфакс“ и „А1он“ тврдеше дека нема да се среќава со Џафери бидејќи тие остануваат на своите ставови. Истото го потврди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ велеа дека не отстапуваат од барањето за разгледување на амандманите, па затоа, нема зошто да се координираат со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Неизвесно е дали по средбата ќе има договор за Законот за јазици да биде изгласан. Пријавени за збор се скоро сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а пак, во салата се присутни повеќе од 61 пратеник, што е доволно за Законот за јазици да го помине собранискиот филтер.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска