Данев: Амандманите мора да се разгледуваат, не се исклучува можноста за блокирање на седницата

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на најавата од премиерот Зоран Заев дека Законот за јазици ќе се гласа без разгледување на амандманите вели дека тоа е против уставно и не сака да верува дека тоа ќе се случи. Данев не одговара дали тие ќе ја блокираат седницата за законот да не биде донесен, со тоа, не се исклучува оваа можност

„Не сакам да верувам дека гласањето ќе биде без да се разгледаат амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Уверен сум дека ќе се следи деловникот и Уставот. Амандманите мора да се разгледаат. Не учествуваме на координација со Џафери и остануваме на нашите ставови“, вели Данев.

За тоа, какви мерки ќе преземат доколку законот биде усвоен без разгледување на амандманите, Данев вели дека ова прашање сè уште го разгледуваат во неговата партија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски