Данчо Марковски ја претстави платформата за работа како амбасадор во Албанија

Од:

Промовирање на политика на добрососедство и следење на севкупните општествени состојби во Албанија, зголемување на економско-трговската соработка, ребрендирање на културното претставување на Северна Македонија и создавање нов имиџ и поимање нашата земја, како и спроведување нов концепт во работата и активностите на амбасадата со Македонците и нивните друштва и здруженија во Албанија, се приоритетите на кои ќе се фокусира идниот амбасадор во Албанија Данчо Марковски, кој ја претстави платформата на седница на собраниската Комисија за надворешни работи.

-Во овој период амбасадата ќе демонстрира нов пристап на работа применувајќи совремни дипломатски методи кои ќе овозможат нејзина трансформација во таканаречен хотспот кој ќе ги сервисира потребите на бизнис заедницата културата, а особено потребите на македонското национално малцинство, рече Марковски.

Пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека идниот амбасадор е со богато дипломатско искуство и оти е уверен оти добро ќе ја извршува функцијата. Тој, како што рече, сака само да му укаже дека по неговото заминување во Албанија, треба да оствари контакти и со опозицијата, а не само со власта, поради тоа што, како што рече, наскоро во земјата ќе има избори чии резултати се неизвесни.

-Веднаш по предавањето на акредитивните писма амбасадорот треба да ги посети сите. Амбасадорот не треба да зазема страна, да не испадне дека после шест месеци се сменила владата, па да нема каде да тропне. Јас таму немам намера да водам нивна политика, туку имам право да контактирам со секого и мене секој ми е потребен, рече Маровски одговарјќи му на Муцунски.

Претседателот на Комисијата Антонио Милошоски од него побара одговор дали има некакви информации за тоа дали ЕУ ќе остане на став земјава заедно со Албанија да одат во пакет и заедно да ги почнат преговорите или пак ќе можат да бидат одделени.

Марковски рече дека девет месеци бил отсутен од Албанија, каде претходно бил в.д. амбасадор и оти ги нема сите информации од албанска страна по ова прашање.

-Не би се осудил да тврдам, иако повеќе ме наведува да мислам дека сепак ќе се изнајде решение да се овозможи почеток на седницата за двете земји, рече Марковски.

Платформата за работа пред членовите на Комисијата ја образложи и Сали Лимани кој е предложен за амбасадор во Нур Султан (Казахстан). Според него, особен акцент во работата ќе биде ставен на развој на економските односи, како што рече, имајќи предвид на тоа дека Казахстан го прави над 60 роценти од БДП-то на земјите од каспискиот регион.

Пред Комисијата платформите во текот на денот треба да ги образложат и предложените постојан претставник при Советот на Европа во Стразбур Светлана Гелева, за амбасадор во Атина Лидија Бошковска, за амбасадор во Приштина Шпреса Јусуфи, за амбасадор при Светата Столица Марија Ефремова, во Чешка Сашко Тодоровски, во Jапонија Горан Цеков, во Србија Васко Грков, во Канбера, во Австралија Билјана Стефановска Сековска, во Холандија Бети Јачева и во Естонија Драган Јорданов.

Минатата недела на седница на Комисијата за надворешни работи платформата ја образложи Дане Талески, кој е новиот амбасадор кој ќе ја претствува земјата во Мисијата во НАТО во Брисел. Талески пред нив рече дека со квалитет и дипломатски сенс ќе го оправда членството на Северна Македонија во НАТО.

Уште тројца, од 16 идни наши амбасадори рефериираа тогаш пред Комисијата за надворешна политика. Планот за дипломатски активности во ООН го претстави Теута Агаи – Демхаја, а реферираа и нашите амбасадори во Данска Фатон Бејта и во Катар Шабан Јашари.

Би можело да ве интересира

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска

Вашингтон очекува разјаснување од Анкара за протерувањето дипломати

Турција протерува 10 амбасадори: На удар и САД, Франција и Германија

Катерина Ѓуровски