„Данас“: Како случајот со Северна Македонија ќе влијае на проевропските сили во Србија

Од:

Белградскиот весник „Данас“ во анализата за влијанието на француската блокада на Северна Македонија, врз проевропските сили во Србија, констатира дека стопирањето на напредокот на Северна Македонија и Албанија во европските интеграции може да биде обесхрабрувачки за српските граѓани, но не би смеело да биде и за проевропските политичари во Србија.

Во оваа ситуација потребно е редефинирање на односите со администрацијата во Брисел и политичките чинители, но ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определба на Србија, оценија соговорниците на Данас.

Професорот на Филозовскиот факултет во Белград и основач на новиот политички клуб „Глас“, Никола Самарџиќ, оцени дека ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определбата на Србија.

– Одлуката на ЕУ да не одреди датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија ги враќа Северна Македонија и Србија во зоната на руско влијание, додека Црна Гора и Албанија се релативно стабилни благодарение на членството во НАТО. Кои пораки ќе ги испратиме до гласачите во Србија и Северна Македонија, во овој момент, би помислил на тоа дека борбата за Европа е борба за самите нас, за уредена заедница на владеење на правото и дека можеби повеќе од кога и да е сме упатени едни на други.

Самарџиќ во анализата на Данас испраќа и лична порака до премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, дека му е на располагање бидејќи секоја политичка борба која води кон европска и на интеграција на соседите, е борба на сите нас за сите нас заедно.

– Охрабруваат ставовите на Грција и на повеќето земји-членки на ЕУ за правото и потребата од акција на ЕУ за помош на Западен Балкан. Следната година, на парламентарните избори во Србија и Северна Македонија, ЕУ не смее да престане да биде главна тема на нашата определба. Не смееме да исчезнеме во политичката глупост додека власта и опозицијата се во трка во популизам и неодговорност-заклучува Самарџиќ.

Според претседател на Декократската странка (ДС), Зоран Лутовац, оваа одлука, за жал, може да делува дестимулирачка за граѓаните и како изговор за владејачката коалиција која е само реторичка, но не и суштински за европските интеграции.

– Сепак, ова врз проевропските политичари не треба да дејствува. Ова е наша стратешка надворешно-политичка цел и ние сме должни да ги надминеме сите пречки на тој пат, вклучително и грешките на земјите членки и на администрацијата на ЕУ, смета Лутовац.

И Ѓорѓе Жујовиќ, член на претседателството на ЛДП оцени дека одлуката на ЕУ е прилично разочарувачка и доаѓа во тешко време, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, а особено за Србија.

– На секого му е јасно дека ова не беше првенствено порака само за Македонија и за нејзиното општество и политичките елити, туку за целиот регион, кој прилично бавно се движи на патот на интегрирањето во ЕУ. Комплицирани и нејасни процедури, разни дипломати и комесари без чувство за политика, двоумење и одовлекување, се се тоа причини зошто поддршката за европската идеја опаѓа, а растат силите кои завземаат поинаков поглед од нашите надворешни и внатрешни приоритети. Кога ова ќе го помешате со недемократските или корумпирани власти, каков што е случајот денес во Србија, добивате однос помеѓу владите на балканските земји и ЕУ, во кој се гледа се повеќе и повеќе испразно тапкање по раменици и се помалку искреност и вистинска почит – објаснува Жујовиќ.

„Сепак, за ЛДП не е спорен европски пат но очигледно е неопходно да се редефинираат нашите односи со бриселската администрација и политичките фактори, затоа што овој пат на Србија кон ЕУ не е неуспех само за нас што живееме тука, туку и на целата конгломерација на разни бирократи и дипломати кои се чини дека се изгубени кога ќе дојдат во Србија без чувства од каде доаѓаат – вели Жујовиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати