Дамјановски вети изградба на детска градинка во кумановската населба „Перо Чичо“

Од:

Изградба на детска градинка во кумановската населба „Перо Чичо“, вети кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“ предводена од СДСМ, Зоран Дамјановски.

– Ова е местото каде ќе се гради детска градинка во наредните четири години. Освен во оваа населба предвидена е изградба на градинки во населбите „Карпош“ и „Тоде Мендол“, рече Дамјановски, додавајќи оти локалната власт во изминатиот период вложувала значителни средства за социјалната заштита.

За оваа населба, потенцира тој, со гордост може да кажам дека беа изградени доста инфраструктурни проекти како што е големата спортска сала, улица „Ѓуро Пуцар – Стари“, делот од „Гладно поле“.
Дамјановски информира дека за оваа населба планирани се бројни инфраструктурни проекти кои ќе ги реализира, како што рече, во идниот мандат.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?