Дамјановски: Табановце ќе биде урбано место за живеење

Од:

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска ги посети жителите на село Табановце и им вети дека заедно ќе создадат урбано место за живеење, ќе изградат пат, но и ќе се залагаат за нови вработувања.

– Табановце е мултиетничка заедница, која има единствено училиште, во кое наставата се изведува на три јазика. Изградивме спортски терен во самото училиште, пат во должина од 1,8 км пат до Сланиште, а ќе направиме уште еден дел од вертикалата. Ќе бидеме упорни, ќе аплицираме во европските фондови. Овде не се само комуналните проблеми, туку и економски проблеми. Имаме млади луѓе, невработеност, ова е претежно земјоделско население – истакна градоначалникот Дамјановски.

На граѓаните им се обрати и носителот на советничка листа, Максим Димитриевски кој истакна дека со оваа советничка листа ќе покажат дека СДСМ е поблизок до народот.

– Она што првенствено е важно е дека во Република Македонија владее посредничка демократија, тоа значи механизмот на одлучување преку советници треба да се стави на располагање на граѓаните. Со наши меѓусебни контакти, размена на идеи и нивна имплементација во самиот совет, советник не е привилегиран граѓанин, туку преку него даваме можност граѓани сами да одлучите за нашиот град – изјави Димитриевски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?