Дамјановски: Со кандидатот од ВМРО – ДПМНЕ ќе се бориме за околу 16.000 гласа во втор круг

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски им се заблагодари на граѓаните и за излезноста и за укажаната доверба. Тој во првиот круг освои 19.320 гласови.

– Во овој изборен процес одиме од нула и јас и кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се бориме за гласовите на останатите учесници од изборниот процес во првиот круг, за околу 16.000 гласови. Тоа е голем предизвик за мене како градоначалник кој во изминативе два мандати практикував концепт кој нуди еднаков пристап на сите граѓани, вели Дамјановски.

Кандидатот за градоначалник ги повика сите граѓани без разлика на етничката припадност во вториот круг од изборите да ја дадат поддршката и да придонесат, рече, за развој на демократијата.
На новинарско прашање дали имаат договор со која било друга политичка опција, Дамјановски тврди дека немаат конкретни договори со никој, но оти очекува индивидуална поддршка на гласачите од независно-политичката опција.

– Околу 4.000 гласови се дадени за кандидатот Виктор Цветковски, така што без разлика на концептот, идеолошки сме многу блиски. Нема никаков конкретен договор,но очекувам индивидуална поддршка од гласачите, рече Дамјановски, додавајќи оти очекува поддршка и од Српската Напредна Странка.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“