Дамјановски: Нашите лични интреси се под интресите на државата

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ги истакна причините поради кои не поднесе кандидатура за трет мандат и не достави листа на советници, за претстојните локални избори.

-Во Куманово каде со години имавме успешна работа и голема поддршка од граѓаните, ние се одлучивме за ваков акт. Нашите лични интереси, пред се на мене како кандидат, на луѓето кои работат во локалната администрација, директорите на јавните претпријатија, се под интересите на државата – изјави Дамјановски.

Градоначалникот додаде дека ќе организираат протести и ќе пружат отпор се додека не се реши политичката криза во Македонија, за која верува дека може да се надмине со дијалог, поставување на проблемите на маса и на крај распишување на вонредни парламентарни избори.

-Народот е тој кој може да одлучи дали сака да живее во ваква држава или ќе правиме некоја промена. Ако продолжиме со ваков начин на политичко дејствување во државата, иднината не ни е светла. Ги охрабрувам нашите граѓани, пред се фанови, симпатизери да не следат и во наредниот период, оваа тешка борба да ја извојуваме до крај. Цврто сум убеден дека ќе имаме добра завршница, и на крај ќе победи народот и демократијата – истакна Дамјановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените