Дамјановски: МВР да го расчисти случајот со директорот Димитријевиќ

Од:

По повиците на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ надлежните институции да го истражат случајот со директорот на кумановската гимназија „Гоце Делчев“ Горан Димитријевиќ и негово разрешување од функцијата, денеска градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски изјави дека останува МВР да открие дали станува збор за вистинска или монтирана снимка.

Дамјановски посочи дека е даден простор да се утврди дали се автентични или монтирани снимките коишто претходните денови беа објавени на социјалните мрежи и оти е подготвен да се разговара за морална одговорност на директорот.

– Во секој случај моралната одговорност постои за самиот директор ако тие фотографии се постирани од него, сигурно ќе има санкции. Меѓутоа, тоа не можа да се реши во еден ден, во секој случај во текот на наредните денови ќе имаме разрешница, очекувам известување од службите на МВР, бидејќи е пријавено како хакерски упад во профилот на директорот, изјави Дамјановски.

Тој рече дека разговарал со директорот Димитријевиќ кој пак му кажал дека бил уценуван од одредени лажни профили.

– Јас оставив таа работа да се докаже, ако има вина негова, сигурно дека ќе трпи санкции во однос на позицијата директор во гимназијата. Меѓутоа не може да реагираме во еден ден, знаете дека се прават лажни профили. Јас не сакам да бранам никој, не можам да бидам експлицитен, дали фотографиите се аветнтични или монтирани. Подготвен сум да разговарам за моралната одговорност на директорот и сигурно ќе дојде до разрешница на овој проблем.Треба да се остави да се докаже вината или невиноста на директорот. Ако е виновен ќе сноси одговорност, посочи Дамјановски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он