Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација

Од:

Новиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски доаѓа во извршната власт со искуство на позиции во партијата и во локалната власт.

Како што е наведено во биографијата доставена со предлог-составот за владата, Манчевски, кој е и потпретседател на СДСМ, дипломирал во 2005 година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Електротехника и телекомуникации. Во 2009 се стекнува со сертификат Chevening Felloowship на постдипломските студии на Универзитет Бирмингем во Обединетото Кралство.

Од 2000 до 2002 година бил претседател на Одборот за материјално-финансиска контрола на ЈП Дрисла – Скопје, а од 2002 до 2004 година бил член на Одборот за материјално-финансиска контрола на ЈП Водовод – Скопје. Бил раководител на Сектор за млади во Агенција за млади и спорт на Република Македонија од 2002 до 2003 година. Во тој период ја претставувал Владата во Програмскиот комитет на Европската младинска фондација во Советот на Европа. Од октомври 2005 до февруари 2006 година работел како инженер за радиофреквенции во Агенцијата за електронски комуникации.Од 2006 до 2007 и од 2009 до 2016 година е на позицијата извршен директор на ЕММЕТРОН ДООЕЛ Скопје.

Во биографијата за неговите позиции во партијата се наведува дека бил член на советот на Град Скопје во периодот 2013 – 2016 година.

Манчевски беше шеф на изборниот штаб на СДСМ за предвремените парламентарни избори во ноември лани, на кои беше избран за пратеник.

Во јуни 2013 година е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ, каде бил член од 2009 година. Претходно од 2006 до 2009 година бил член на Извршниот одбор на ЦО на СДСМ, а од 2007 до 2009 шеф на Кабинетот на претседателот СДСМ.

Во партијата бил ангажиран и како потпретседател, портпарол и член на извршен одбор на Социјалдемократската младина на Македонија и како член на партиската Комисија за меѓународна соработка.

Роден е на 27.01.1978 година во Скопје. Оженет и татко на две деца. Зборува англиски и српско-хрватски јазик.

Би можело да ве интересира

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска

Државен натпревар „Прва лего лига“ во Штип

Ана Ололовска

Прв државен натпревар за FIRST LEGO лига

Ана Ололовска