Дамческа: Владата продолжува да создава хаос во здравството

Од:

„Владата на СДС продолжува да создава хаос во здравството. Деновиве откако почина родилката во Тетово, потоа почина и нејзиното новороденче. Ова е уште еден случај кој ја дополнува низата на скандали во здравството. Имено во последните два месеци починаа осум новороденчиња.

Клиниката за детски болести е местото каде се праќаат новороденчињата кои имаат здравствени проблеми. Но, одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести кој е најпотребен за овие случаи никако да биде отворен.

Инаку одделот е одамна целосно опремен и подготвен да се стави во функција.

Она што може да се слушне е само дека ќе биде отворен овој оддел. Директорката Ставриќ одреден период не е на Клиниката, односно користи годишен одмор.

За сето ова потребно е некој од одговорните да се огласи и да даде одговор на јавноста. Никој од надлежните очигледно не е засегнат и не чувствува одговорност.

Се поставува прашањето каде е директорката на Клиниката за детски болести, каде е одговорниот или заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски. Чакаровски воедно да потсетиме е и гинеколог, како и специјален советник за гинекологија на министерот.

Колапсот на здравството водено од владата на СДС резултираше и со умирање на новороденчиња. Сето ова безредие и загриженост кај родителите ќе добие завршница“, изјави Јасминка Дамчевска – ВМРО-ДПМНЕ .

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела