Дамческа: Поради неодговорните и нестручни раководни кадри на СДС, уште еден детски живот заврши трагично

Од:

„Владата на СДС продолжува да создава хаос во здравството.

Неспособноста на СДС во здравството е фатална, а црниот биланс на Детската клиника постојано се зголемува.

СДС е одговорен за уште едно починато дете на Клиниката за детски болести во Скопје.

Поради неодговорните и нестручни раководни кадри на СДС во Министерството за здравство и на Клиниката, уште еден детски живот заврши трагично.

Веќе четири месеци откако е на власт, СДС не ја отвора новата интензивна нега на Детска клиника која е одамна готова.

Заменик министерот за здравство поставен од СДС и директорката-туристка не го отвараат комплетно подготвениот и опремен оддел за интензивна нега на Детска клиника, веројатно за да го прикажат подоцна како заслуга на СДС? Зошто децата на кои им е најпотребна помош, ги оставаат на немилост?

На толку вложени инвестиции од претходната Влада, набавена нова медицинска опрема и сериозно унапредени услови за третман на децата, СДС покажа дека се неспособни да менаџираат и раководат во здравството.

Да не дозволиме неспособноста на СДС и понатаму да резултира со фатален исход! Да ги казниме на 15-ти октомври!“, изјави Јасминка Дамческа.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ