Дали Врховниот суд ќе ја исправи неправдата и ќе го врати четиригодишното дете кај мајката?

Од:

Предметот за мајката Невена Спасеска на која и го одзедоа дететото стигна во Врховниот суд во Скопје. Од таму во следниот период се очекува одлука по поднесената ревизија на пресудата од Битола со која старателството за четиригодишното дете е доделено на таткото, а мајката е исклучена без никакви аргументи.

Во сериозна судска постапка во која четиригодишно дете се одвојува од мајка се очекуваат и сериозни и издржани аргументи дека таа е неспособна да го чува детето. Во овој случај не само што тоа го нема, туку за мајката нема замерки.

„Современите социолошки и психолошки теории за родителството од друга страна покажуваат дека улогите во семејството се значително изменети во изминативе децении така што традиционалната поделба на мајката како главен негувател, а таткото како издржувач повеќе не е единствениот модел на семејството. Тоа значи дека стеоротипите за „природната“ улога на мајката се општествено надминати“, напиша судијката Жаклина Доведен, која се потпиша на правосилната пресуда.

Таткото

Таткото е богат и влијателен човек. Парите како аргумент беа битни за судот-„ќе можел да го одгледува детето“. Влијанието не го зеде во предвид. Судот одби да ги разгледа СМС пораките од таткото дека планира „да го купи Центарот за социјални работа во Охрид“ со еден милион евра. Посебно што токму мислењето на Центарот за социјални работи беше одлучувачко да го добие старателството по разводот.

„Предност за доделување на детето кај таткото била истакнатата истоветност на полот меѓу детето и таткото бидејќи имало влијание за идентификација на детето. Покрај тоа како фактори кои влијаеле на мислењето детето да биде доделено кај таткото биле ценети добрата материјална состојба на таткото, работната позиција на истиот која му дозволувала подолго време да се посвети на синот како и „предноста на помалите урбани средини за одгледување на децата“, напишаа од Центарот за социјална работа во Охрид, а тоа беше клучно за одлуката на судот“.

За таткото не беа земени предвид во пресудата ниту доказите дека вршел психичко семејно насилство. Има и прекршочна пријава за лажно пријавување. Има и пријава дека го има грабнато дететото, кога бил стопиран на наплатната рампа во Петровец, па детето било вратено на мајката. Сето ова не влијаеше на оценката на судот ниту на Центарот за социјална работа. Судовите во Битола и Охрид не ги прифатија ниту доказите дека психосоцијалниот третман определен како мерка за превенција од семејно насилство за таткото завршил неуспешно.

Мајката

Никој во судската постапка ништо не ја праша. Цел процес е воден таа да биде невидлива па дури и да биде некако прикажана како неподобна со изјави на сведоци, блиски на таткото (роднина и сосед). Една од тие изјави која ја има во пресудата е следна:

„Првостепениот суд од исказот на наведениот сведок (за кого постојат информации дека е всушност семеен пријател и сосед) утрдил дека истиот додека го шетал кучето поминувајќи покрај куќата на странките, честопати слушал расправии меѓу нив, а откако тужената си заминала од Охрид, во ситуации кога детето било кај таткото истото се чувствувало сигурно и полетно, а кога ќе дојдело време да оди за Скопје детето било тажно“.

Ниту од Центарот за социјална работа во Охрид не ја контактирале кога носеле оценки. Но она што судот не го читал е следно:

Во извештајот на првиот семеен Центар на Град Скопје, ХЕРА од 15.11.2024 година се наведува дека „мајката покажала темелно прифаќање и разбирање на најдобриот интерес на детето во однос на потребата да се развива, да учи и социјализира во друштво на свои врсници, но таа доживува своевидно насилство од таткото кој постојано настојува да ја прикаже како несовесна мајка и иницира разни постапки пред институциите за измислени здравствени состојби на детето“.

И судот во Битола се обидел некако да ја оправда одлуката во смисла да задржи наводна „неутралност“ во одлучувањето:

„Не се занемарува фактот дека и тужената (мајката) има родителски капацитети кои можат да ги оправдаат овие потреби на детето во смисла да му се даде љубов и емоционална сигурност и поддршка во секој аспект. Во случајов е направена индивидуална проценка на способноста на странките како родители… поради што и Центарот за социјални работи Охрид дал мислење дека детето треба да биде доделено на таткото“, пишува во пресудата.

Улогата на Центарот за социјална работа во Охрид

Дикректорот на Центарот за Социјални работи на Охрид, Игор Еленчевски доби кривична пријава поднесена од страна на Министерството за труд и социјална политика поради неговото постапување надвор од укажувањата на надлежните органи по овој случај. По инспекцискиот надзор тој беше и разрешен од функцијата.

Мислење на Центарот за социјални работи во Охрид освен што било невалидно зошто е во спротивност со ставот на Министерството за социјална политика, демографија и млади туку е сосема спротивно и со надлежниот Центар во Скопје кој сметаше дека детето треба да биде доделено на мајката.

Но ова мислење и покрај неколкуте укажувања не е земено во предвид во постапката. Напротив, судијата во Охрид донесе одлука базирана на извештајот на Центарот за социјални работи во Охрид, затоа што тој сметашe дека тоа е мислење валидно за постапката. Подоцна врз иста основа правосилна одлука донесе и судијката Жаклина Доведен.

Кој го контролира Центарот за социјална работа во Скопје?

Центарот за социјална работа во Скопје има донесено одлука дека дететото треба да биде со мајката. Истото за А1он го потврдија и од Министерството за социјална работа-дека нивен став од почетокот е дека мајката треба да биде старател.

Но предметот, „од еден на друг“ според извори од таму, на крај му се додели на социјален работник кој сега врши хајка против мајката, поднесе кривична пријава против неа. Од Центарот нема одговор и по две недели за овој социјален работник-дали се вози низ Скопје со возилото на таткото одејќи да го земе детето со упад и ненајевен кај мајката.

По првосилната пресудата од ноември минатата година, нема донесено ново решение со кое ќе биде овозможено мајката да се гледа со детето.

Претходното решение од јуни, 2024 година со кое дететото беше кај мајката, а го регулираше гледањето со таткото повеќе не е во сила. Центарот досега сакаше да го одземе детето токму по ова решение кое не е во сила, а во меѓувреме неа не и се дава никакво решение кога таткото ќе биде оббврзан да и го даде детото.

Судски совет

Во судсксиот совет од страна на одбрната е поднесена претставка против судијката Жаклина Доведен за преиспитување на нејзината работа. Во текот на постапката имаше барање за нејзино изземање од случајот поради сомнеж за нејзината нерпистрасност, на што ниогаш не е одговорено. Сега се бара одговор Судкиот совет да утврди во кој момент и од која причина е изземена судијката Пакизер Алиоска кога е носена правосилната пресуда.
„Има сомнеж дека предметот бил доделен за работа на совет во еден состав каде претседател била Доведен, но ја иззема Алиоска а на нејзино место го назначува судијата за кривично право Зоран Караџоски, непосредно пред носење на пресудата за да се обезбеди мнозинство“, наведува адвокат на мајката.

Би можело да ве интересира

Притисоци, закани, полиција..Какво општество и луѓе можат да одземаат четиригодишно дете од мајка?

Предраг Петровиќ

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Катерина Ѓуровски

Центарот за социјална работа молчи: Дали Гоце Прцулоски се превезувал во возилото на таткото, на чиј предмет работи

Предраг Петровиќ

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира илјадници венецуелски мигранти

Прцулоски се заканува до А1он со кривични и секакви тужби, го охрабруваме побрзо да ги поднесе

Предраг Петровиќ

Каубојска шема: Социјалниот работник Гоце Прцулоски заедно со таткото од Охрид со негово возило сакале да го одземат детето од мајката

Предраг Петровиќ