Дали овие чинии на инфективна клиника во Штип се дел од „успешното здравство“?

Од:

Некои слики од македонското здравство се очајни, како во времето по Втората Светска војна. И додека се продава „магла“ дека македонското здравство е меѓу првите во Европа и со најдобри услови, пациенти од инфективната клиника во Штип покажуваат какви се чиниите во кои ја добиваат храната и прашуваат – дали треба да се лечат или дополнително да се заразат?

Се чини дека чиниите потекнуваат од пред половина век.

dorucekbolnica (4)1

А1он веќе објави дека пациентите на штипската клиника добиваат и голема парка леб и „посебна салама“ за доручек, иако владата фрли огромни пари за реклами во кои не советуваше дека саламата е штетна за здравјето. Веднаш реагираа од клиниката со објаснување дека храната за доручек е различна секој ден и во однос на калоричноста одобрена е од санитарна здравствена инспекција.

„Се почитуваат и сите здравствени нормативи во однос на тие пациенти кои треба да се хранат диетално додека се на престој во болницата ( консумирање млечни производи и храна која не е многу калорична).Начинот на набавка на храна е преку спроведена тендерска постапка на која се јавуваат фирми регистрирани за таа цел“, пишуваше во реакцијата на Клиничка болница Штип.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните