Дали некој намерно сака да го уништи природното богатство на Охрид?

Од:

Изминатиов месец во Охрид јавноста постојано бара одговори околу уништувањето на природните богатства во градот. Со измените во Генералниот урбанистички план во Охрид, се предвидува изградба на станбени објекти за домување во едно најголемите природни богатства и нераскинлива алка од Охридското Езеро, Студенчишкото блато.

Според нацрт извештајот за стратегиската оцена на животната средина за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план за Охрид во Урбаната заедница 17 „Студенчишта“, наместо досегашната намена односно блато, наука, канал Студенчишта (специјална намена), рекреација и улици и пешачки патеки, според измените во овој дел вметната е и намената А0 – домување со посебен режим.

blato2

Според Измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план на Охрид (2014 – 2024) целта на измените е да се зголеми класата на намена за домување.

Дејан Пановски од Билатеријалниот секретар е дециден дека остатокот од Студенчишкото блато мор да се зачува заради езерото и зачувување на природните богатства на Охрид.

Не остана уште многу што да се кажува за важноста на Студенчишкото блато затоа што веќе е кажано и од страна на екологистите и од страна на науката и од страна на оние кои ја изработуваат студијата за влијанието врз животната средина. Едно е јасно, остатокот од Студенчишкото блато што не е деградирано и што е дел од Охридското Езеро мора да се зачува заради самото езеро затоа што претставува филтер, заради зачувување на природните вредности и заради флората и фауната кои што живеат на тој простор – вели Пановски кои воедно е и член на Советот на Општина Охрид од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

Тој нагласува дека иднината на Охрид мора да се гради врз природните богатства и културната понуда.

blato3

Јас се уште стојам на тоа дека иднината на Охрид, и валоризацијата и економска, треба да  почива врз природните и културните реткости кои што ги има градот. Да се зачувуваат, да се унапредуваат и да се понудат во научната и туристичката понуда од кои што нормално Охрид потоа ќе има бенефит – додава Пановски.

Пред само неколку месеци, Општина Охрид ги изгуби финансиските средства обезбедени од Германија кои веќе беа уплатени за заштита на Студенчишкото блато. Тогаш, Германците револтирани од несериозниот однос на Општина Охрид ги повлекле парите кои веќе ги имаа уплатено на сметката за проектот за заштита на Студенчишкото блато.

После сево ова остануваат многу неодговорени и нејасни прашања за јавноста. Има ли некоја скриена намера зошто администрацијата на Општина Охрид била неажурна и не донела одлука за Студенчишкото блато што донесе повлекување на веќе уплатените средства? Дали изградбата на објекти за домување предвидени со новите измени на ГУП е причината што Општината имаше несериозен однос кон друштвото за германска меѓународна соработка од Германија? Дали некој намерно сака да го уништува природното богатство на Охрид за лични интереси или интереси на одредени групи?

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ