Дали ќе профункционира јавниот градски превоз во Прилеп?

Од:

Според најавите на локалната самоуправа, во првото тромесечје на оваа година  требаше да профункционира јавниот градски превоз. Според нив, Прилеп со околу 74 илјади жители има неминовна потреба од организиран градски  превоз. Носител на проектот е ЈП за ПУП, кој треба да го имплементира.

Иако најпрво беа планирани пет линии, кои постепено требаше да се прошируваат според потребите на граѓаните, неодамна од локалната самоуправа изјавија дека ќе бидат пуштени две редовни линии. Пет модерни автобуси ќе кружат на секои 15 минути, а цената на билетот би чинела не повеќе од 30 денари.

Во тек е постапката за набавка на автобуси, а од градскиот буџет издвоени се средства и за објекти, какви што се паркингот за автобусите, автомеханичарска работилница и постојки.

Дотогаш прилепчани можат да бидат во исчекување кога оваа нивна потреба ќе биде реализирана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница